Државен инструктор пред два дена вербално бил нападнат од непознато лице во зградата на општина Струга каде се наоѓаат просториите на локалната пописна комисија.

Како што информираат од полицијата, до инцидентот дошло кога непознато лице се вмешало во разговорот што инструкторот го водел со двајца попишувачи во врска со одредбите од законот дека не смее да се попишуваат лица кои повеќе од 12 месеци не се вратиле во државата. Незадоволно од толкувањето на законот, лицето вербално го нападнало инструкторот укажувајќи му дека тој не го познава законот и дека треба да си оди од тука.

Инцидентот бил пријавен во полицијата која работи на расчистување на случајот.

OhridNews