Охриѓанката Нина Балабан на Европското првенство во гаѓање со воздушно оружје кое се одржа во Данска постави нов Државен рекорд од 405,5 кругови и го освои 57 место од 73 учесници.


На ЕП во Данска на натпреварите во гаѓање со воздушно оружје се пукаше по новите усвоени правила на меѓународната спортска стрелачка федерација кои стапија во сила од 01.01.2013 година и кои налагаа промена во облеката и стрелачките чевли, промена на делови на оружјето во поглед на балансирањето на тежината, промени околу времетраењето на мечот, промена на финалето, обавезно користење на заштитни ,,знаменца,, кога стрeлецот не е на огнената линија.


Овие правила беа донесени со цел да се изменат условите во кои стрелците тренираат, односно се менува ритамот што би требало да доведе до намалување на резултатите кои го имаа достигнато максимумот.


За охриѓанката Балабан ова второ учество на Европско првенство и забележа далеку позначајни резултати од дебитанскиот настап.

Ohridnews