Тројца државјани на Република  Албанија ноќеска предизвикале тепачка во охридски ноќен клуб.

Според полицијата инцидентот настанал околу 3 часот и 20 минути , кога Е.В. (27), Р.С. (26) и А.С. (24) сите од Албанија се степале со охриѓанецот  П.Р. (25).

До тепачката дошло  откако претходно додека се разминувале на скалите од објектот, некој од албанските државјани го удрил П.Р. со стаклено шише по глава.

По преземени мерки албанските државјани се  приведени и во тек се мерки за целосно  расчистување на  случајот.

OhridNews