Во иницијативате се наведува дека, со решението за именување членови на државната пописна комисија на Владата на Република Македонија од 14.12.2010 година за членови на државна пописна комисија се именувани 25 члена, но не е застапен член од припадниците на заедниците кои се наведени во Уставот на Република Македонија како останати според податоците од Пописот на населението од 2002 година, што е спротивно на Амандманот VI од Уставот на Република Македонија, на член 27 став 5 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година, како и на Конвенцијата за заштита на националните малцинства усвоена од страна на страна на Комитетот на Министри на Советот на Европа.
Иницијаторите објаснуваат дека во Амандманот VI на Уставот на Република Македонија, во точка 1, децидно е предвидена соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, а со Законот за Попис на населението, домаќинставта и становите во Република Македонија 2011 година, децидно е предвидено дека при именувањето на Државната пописна комисија, соодветно и правично се застапени припадниците на Заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија според податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите од 2002.
Со оглед на наведеното, Владата на Република Македонија со именување членови на државната пописна комисија со оспореното решение, беше должна за член на државна пописна комисија да именува и припадник на заедниците кои се означени како останати во Уставот на Република Македонија, според податоците од Пописот на населението, домаќинставата и становите од 2002 година. Затоа се предлага на Уставниот Суд на Република Македонија да донесе одлука со која ќе го укине решението за именување членови на државната пописна комисија, како неуставно и незаконско, а исто така и спротивно на Рамковната Конвенција за заштита на националните малцинства, стои во заедничката Иницијатива на припадниците на помалите етнички заедници во Македонија, чиј број според податоците од последниот попис изнесува 20.993.