Каква сензација! Браво момци, браво! Вие сте вистински херои, оваа вечер покажавте што значи борбеност, желба, истрајност! Неверојатна победа која е резултат на многу труд и работа, но пред се љубов кон националниот дрес, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски по вечерашната победа на Македонската фудбалска репрезентација.
Премиерот упати честитки и за селекторот Милевски и целиот тим, посочувајќи дека оваа вечер нема никогаш да ја заборавиме.

Нашите фудбалски херои веќе ја испишаа историјата на македонскиот фудбал. Честитки за победата, пожртвуваноста, храброста и борбеноста во играта на нашата македонска фудбалска репрезентација против силниот противник, напиша Пендаровски.
Вечерва во Палермо македонските фудбалери направија вистинска сензација победувајќи го актуелниот европски првак Италија со 1:0 во полуфиналето од плејофот за Светското првенство 2022.
OhridNews
Фото: Миа











