Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, денеска приреди прием за пионерите на ГРК Охрид кои станаа шампиони на Македонија.

Првиот човек на градов го изрази своето огромно задоволство и гордост за постигнатиот успех. Им се заблагодари на ракометните надежи за прекрасната игра и убедливиот триумф и посочи дека и во иднина локалната самоуправа ќе го поддржува овој ракометен клуб, велат од Општина Охрид.
Шампиони на Македонија се: Николоски П., Николоски Л., Спироски, Колески, Латкоски, Трајчески, Станковски, Пројкоски, Атанасковски, Силјаноски, Митаноски, Шикалески, Петрески, Ристоски, Јованоски, Пројчиноски, предводени од тренерот Наум Бабачев.


OhridNews












