Натпреварот се одвиваше во подготовка на посна трпеза за готвачите, келнерите поставуваа маса за шест лица ,бармените подготвуваа коктели,фламберите фламбираа овошје, а туристичките техничари правеа презентација на нивните градови.
-Учениците на натпреварот ги презентираа своите вештини и умеења од областа на угостителството и туризмот и покажаа дека се подготвени да бидат дел од персоналот и на најелитните хотели и ресторани- рече директорот на ОУТУ „Ванчо Питошески“ Секула Баткоски.Тој изрази благодарност за поддршката од Општина Охрид и изрази надеж дека натпреварот ќе прерасне во важна туристичка манифестација.