Државното знаме на Македонија од вчера се вее на 30 метри високиот јарбол кој е поставен во дворот на Полициската станица во Струга. Тоа е дел од проектот на Владата на Република Македонија за поставување јарболи со државни знамиња низ цела земја.
Големото државно знаме досега не беше поставено во Струга поради недоразбирања помеѓу централната и локалната власт, а првично беше предвидено триесет метарскиот јарбол да биде поставен на кејот покрај реката Црн Дрим.












