Демократскиот сојуз на Павле Трајанов на предвремените парламентарни избори ќе настапи самостојно, одлучи Централниот совет на партијата.

-Ние како Демократи и како Сојуз, сметаме дека имаме доволно знаење, идеи, искуство, правдољубивост, храброст и спремност со нескриен и недвосмислен став да се соочиме со сите политички собитија, предизвици за денешницата и иднината.  Демократскиот Сојуз е отворен за соработка со сите кои застапуваат вакви ставови, европски вредности, за сојуз со поединци, со други политички партии и граѓански асоцијации. Демократскиот Сојуз е подготвен да партиципира во нов политички блок, на обединувачки платформи и сметаме дека само обединувањето, а не поделбите ќе добијат најголема поддршка од граѓаните.– се вели во партиското соопштение.

Демократскиот сојуз усвои платформа за реформи и промени во Република Македонија која, како што се наведува во соопштениетом ќе биде основа за ззборната програма која партијата ќе ја изгради во консултации со експерти, граѓански асоцијации, бизнис групации и идеи и сугестии од граѓаните.

OhridNews