
Воедно треба да се создадат законски можности Специјалниот јавен обвинител да го избира Советот на јавни обвинители на предлог на Јавниот обвинител на РСМ.
ДС инсистира на сеопфатна и неселективна истрага во која ќе бидат опфатени сите кои се вклучени во оваа злосторничка-рекет банда и да понесат одговорност, посебно носителите на високи функции во законодавната, извршната и судската власт. Сугерираме целокупниот материјал (информации, податоци, докази, прислушувани материјали и сл.) со кои располага СЈО, надлежното обвинителство и судот да го стават под посебна заштита и да спречат уништување на докази. – се вели во партиската реакција
Демократскиот сојуз смета дека криминализацијата ја разорува државата и затоа е неопходно да се направи пресврт во борбата против криминалот како клучен предуслов за воспоставување на систем на владеење на правото.
OhridNews











