По две години минати во Бугарија, се врати во македонското првенство, и тоа во шампионскиот тим на МЗТ Скопје, кој, пак, ќе има многу одговорна задача сезонава, да ги одбрани титулите во домашното првенство и во Купот, но и да се претстави во подобро светло во Јадранската лига. Тимот на МЗТ Скопје во наредната сезона ќе биде тим-репрезентација.
– Очекувам да ја продолжиме низата на освојување титули во домашниот шампионат, а се надевам на успешен настап и во Јадранската лига, особено што сме прва македонска екипа што ќе настапи во неа. Сегашниот тим е составен од репрезентативци, има и неколку странци, тренерот Александар Тодоров треба да ја докомплетира екипата, додека ние играчите останува вредно да работиме и да прикажеме добри игри на теренот – вели повратникот во македонскиот баскет Дамјан Стојановски, кој има една година договор со скопскиот тим.
МЗТ Скопје дел од подготовките ги реализира во Охрид, што за Дамјан на некој начин е и домашен терен, бидејќи две години од кариерата помина во АМАК СП, тим со кој и ја освои Куп-титулата.
– Поминав две одлични години во Охрид и со него ме врзуваат убави спомени. Охрид го чувствувам како мој дом, штета што АМАК СП се растури и што во Охрид нема поквалитетен спорт, било тоа да е фудбал, ракомет, кошарка, бидејќи охридската публика тоа го заслужува – категоричен е Дамјан.
Периодот додека беше во Охрид го мина играјќи со твојот брат-близнак Војдан, додека сега повторно ќе има братска комбинација, но со твојот постар брат Огнен.
– По Охрид, не играм повеќе со Војдан, сега првпат ќе играм со постариот брат Огнен и се надевам дека добро ќе функционираме. По разделбата со Војдан во почетокот ми беше чудно, но нашите професионални патишта нѐ разделија, но секако дека и понатаму често комуницираме – вели Стојаноски.
Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди пласман на Олимписките игри. Но желбата да се игра на ЛОИ сега е уште поголема.
– Наша цел беше да се пласираме на ЛОИ, а многу малку ни недостигаше да успееме, бидејќи загубивме добиен натпревар. Сега кога гледам дека и ние можевме да се пласираме на ЛОИ, па и да одиграме еден натпревар против „дрим-тимот“ на САД, тешко ми паѓа, но се надевам дека во иднина и ние ќе бидеме дел од овие игри – смета Дамјан.
Дамјан на мечот за бронзениот медал на ЕП во Литванија против Русија имаше шут за реми, но од непосредна близина не успеа да даде кош.
– Имавме игра за два поена, но по додавањето на Мекејлеб не успеав да погодам. Така е тоа во спортот, некогаш погодуваш, некогаш не. Сепак, во иднина повеќе би сакал да се пласираме на СП или ЕП, отколку да им се реваншираме на Русите во некој следен меч – објаснува македонскиот репрезентативец.
Наредниот предизвик за македонската репрезентација е ЕП во Словенија,
– До настапот во Словенија во септември следната година има време. Сега најзначајно е без повреди да го дочекаме тој циклус. Сигурно ќе се обидеме повторно да постигнеме голем успех, па дури да го подобриме и четвртото место, а оттаму да обезбедиме и пласман на СП – заврши репрезентативниот бек на Македонија.
Екипите на Бел Мерцедес и Кафе бар 9 ќе играат мајсторка за пласман во 1/8 финалето на турнирот во мал фудбал Петровден – Мешеишта, откако во последното коло од фазата по групи нивниот натпре...
Престојниов викенд Веслачкиот клуб Горица Ремо ќе настапи на веслачката регата Војводина опен во Палиќ, Република Србија Клубските бои ќе ги бранат Ана Ничевска во скиф пионерки, Александра Маленко...
По слободниот ден вчера, вечерва продолжуваат натпреварите на турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта На програмата се три средби со кои завршува фазата по групи на турнирот Распоред на натпревар...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.