Дуќаните во охридската чаршија овој викенд ќе бидат отворени согласно претходно важечките правила од Законот за трговија на големо и мало. Трајче Костески, Раководител на одделение за инспекциски надзор во областа на работните односи во Охрид, вели дека согласно измените Законот за недела неработен ден влегува во сила од 3 јануари.

Ова значи дека охридската трговија може да работи овој викенд односно и во недела согласно правилата кои важеа и досега. Овој викенд може да работат слободно согласно Законот за работа во недела и државни празници. Треба трговците да ги имаат известено службите и да им платат на вработените зголемен надоместок, вели Костески.

Најавува дека викендов ќе има контроли не само по трговските, туку и во угоститеслките објекти.

Трудова инспекција веќе организира дежурна служба за работа во недела. Тие кои немаат право да работат ќе бидат санкционирани, додека тие кои имаат право да работат ќе бидат проверени на кој начин ја реализирале исплатата на вработените и сите други обврски кои ги имаат, потенцира Костески.

Додава дека очекуваат да има и пријави од граѓани, па тука се да интервенираат соодветно на добиените пријави.

Н.С.Ј.