Две повторени средби од четвртото коло и шест натпревари од осминафиналето, викендов ќе се одиграат во рамките на англискиот ФА куп.  На поправен ќе бидат екипите на Челзи и Евертон, односно Манчестер Сити и Нотс Каунти.


Од осминафиналните натпревари, во англиските медиуми најголемо внимание предизвикува натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и петтолигашот Кроли Таун.

Натпреварот Фулам-Болтон е единствен во осминафиналето, во кој ќе се сретнат тимови од Премиер лигата. Арсенал е голем фаворит против локалниот ривал Лејтон Ориент.

Екипите на Бирмингем и Стоук се фаворити во дуелите со третолигашите Шефилд Венздеј, односно Брајтон