Пријателскиот натпревар меѓу мадридски Атлетико и Јувентус од Торино што требаше утре да се игра во Израел е откажан од безбедносни причини.

Имајќи ја предвид безбедносната состојба, натпреварот со Јувентус што требаше да се игра в недела на стадионот „Блумфилд“ во Тел Авив е откажан од безбедносни причини, соопшти попладнево шпанскиот прволигаш.

Израелски авиони бомбардираа денеска цели во Појасот Газа, а палестинските милитантни возвратија со ракетни напади врз израелски градови.

Борбите траат втор ден по повеќе од една година релативно затишје долж границата.

Шпанското фудбалско првенство почнува на 15 август, додека два дена претходно официјално стартува и новата сезона во италијанската Серија А.

OhridNews