Натпреварот со репрезентацијата на Србија кој е закажан за 5 јануари во Бањица ќе биде единствена контрола и генералката на македонската ракометна селекција пред почетокот на Европското првенство во Хрватска.

Репрезентацијата на Македонија пред нецела дена некомплетна ги започна подготовките за петтото учество, четврто во серија на континенталните собири. Во од на ракометарите им се приклучуваат репрезентативците кои завршуваат со клупските обврски.

Вистинските и финалните подготовки ќе започнат по доаѓањето на Раул Гонзалес во Скопје, откако зеде недела дена одмор после завршувањето на клупските задачи во европскиот првак Вардар.

ЕП во Хрватска започнува на 12 јануари, а македонската репрезентација премиерата ќе ја ден подоцна против селекцијата на Словенија. Во групата уште се наоѓаат бранителот на трофејот Германија и Црна Гора.

OhridNews