Катедралната црква Св. Софија, еден од најстарите и најзначајни храмови во земјата, не го добива потребното внимание, како од надлежните, така и од граѓаните. Овие вторите, пак, не покажуваат ни минимум почит кон ова свето место, па воопшто не им смета кога влезот на задната страна се користи како депонија за одлагање смет. Тука речиси секојдневно поминуваат туристи, кои за жал се сведоци на нашата негрижа.

OhridNews