
Како што изјави за медиумите портпароот на ДУИ Бујар Османи, претседателот на партијара Али Ахмети пред раководството изнел пет опции за идното дејствување.
-Беше заклучено дека дебатата не може денеска да биде исцрпена и дека е потребно време да се разгледаат aргументите за сите пет опции во наредните денови и поради тоа не беше донесен вечерва никаков заклучок. – рече Османи.
Запрашан дали тоа значи дека ДУИ нема да коалицира со мандатарот Никола Груевски кому рокот за составување влада му истече вечерва на полноќ, како и дали тоа значи оти можеби партијата ќе коалицира со друг мандатар од редовите на ВМРО ДПМНЕ, или со друга политичка партија, Османи не даде конкретен одговор.
OhridNews











