ДУИ доцна синоќа донесе одлука да му ги даде потписите од десетте свои пратеници на СДСМ за да го добие мандатот за формирање влада од претседателот Ѓорге Иванов, а портпаролот на партијата Бујар Османи потврди дека Централното претседателство на повеќе од десетчасовната седница седница изгласало да му се дадат на потписите на СДСМ за да се запази рокот за локалните избори, но и оти тоа сé уште не значи дека ДУИ ќе учествува во идната влада, јавува „Макфакс“.

„Решивме да му ги дадеме потписите на СДСМ, но тоа не значи дека даваме согласност за формирање влада. Ги даваме потписите за да се запазат роковите за локалните избори, бидејќи нивното одложување не е во интерес на граѓаните на Македонија. Во игра остануваат сите опции. Дискутиравме и за опцијата да останеме во опозиција или да дадеме поддршка за малцинска влада, бидејќи не е во наш интерес да учествуваме во владата по секоја цена. Има различни мислења, ќе продолжиме со состаноците“, изјави портпролот на ДУИ Бујар Османи по седницата.

Повеќе од десет часа траат преговорите на Централното претседателство на ДУИ во тетовска Мала Речица, но портпаролот Османи претходно излезе со изјава дека претседателството ја продолжува дебатата, а ДУИ ќе им даде потписи на СДСМ, но тие потписи не значат формирање на нова влада, односно тоа не значи дека ДУИ ќе коалицира со СДСМ.

Централниот одбор ја продолжува дебатата, но поради роковите вечерва ги дале на потписите на СДСМ и почнуваат преговорите за влада. Османи истана уше еднаш дека тоа не значи и коалицирање за составување на влада.

„Поради некои околности кои се поврзани со рокови одлучивме да дадеме подршка со десет пратеници на СДСМ, но тоа не значи дека имаме договор за коалиција, само се дава подршка за мандат, за да се деблокираат некои процеси, за да се започнат роковите за локалните избори треба што поскоро да се донесат одлуки, а за тоа треба да се добие мандат и Собранието да почне со работа. Ако се одлучиме за учество во влада треба да се усогласат програмите. Има аргументи за и против двцете опции и не можам да кажам дали доминира едната или другата опција, но вечерва не очекувам да се донесе таква одлука. Давањето на потписи не значи договор на влада, туку значи започнување на процес на преговори за влада, доколку одлучиме за опцијата партиципирање во влада. Не е во интерес на државата локалните избори да се одоложат“, појасни Османи.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети избегна да даде изјава, додека тетовската градоначалничка Теута Арифи порача дека сите опции се на маса. Состанокот на претседателсвото најверојатно ќе заврши во понеделник и ќе излезе со целосно соопштение за нивната конечна одлука.

OhridNews