Ахмети ги повлекува министрите од владата, под овој наслов доцна вечерва на сајтот на ДУИ беше објавена одлуката донесена на партиското претседателство, јавува телевизија „Телма“.
„Претседателството на Демократската унија за интеграција вечерва одлучи да ги повлече сите сегашни претставници во извршната власт на Република Македонија„- стои во соопштението на ДУИ.
Претседателството, исто така, потврдило дека на претседателот на партијата Али Ахмети му се доделуваат сите извршни овластувања за носење на одлуки и дека тој има право да одлучи за следните чекори на ДУИ. Партијата известува дека ќе ја преиспита својата политика во наредните денови.
Во соопштението не се наведени причините за овој ненадеен потег на коалициониот партнер во владата.
OhridNews
извор: „Телма“