Кандидатот на „интегративците“ за градоначалник на Скопје и член на најтесното партиско раководство Артан Груби, го повтори јавно искажаниот партиски став дека ДУИ ќе ја дадат целата поддршката на кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на ДПА, Зијадин Села.

Поддршка за кандидатот на ДПА во вториот круг од изборите, ќе даде и партијата НДП на Руфи Османи, која најверојатно за возврат ќе очекува ДПА да го поддржи нивниот кандидат за градоначалник на општина Гостивар.

За сега од ДУИ, не прецизираат на кого ќе му се даде поддршка во останатите општини ширум земјава, каде нивните кандидати испаднаа во првиот изборен круг.

OhridNews