11.55. Огранокот на ДУИ во Охрид и советникот Нефи Усеини, кој го предводи, преку социјалните мрежи изразија јавно негодување од начинот на кој се одвива акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид. Тие сметаат дека таа е селективна и дека наместо објектите кои се закана по статусот на Охрид во УНЕСКО се уриваат куќи и џамии.
За утре (среда), 25 септември, закажан е протест што ќе се одржи пред зградата на општината до почеток во 10 часот.
Во овој период сите чуствуваме притисок од страна на институции кои сакаaт да ни наштетат.Од 1400 дивоградби, вклучувајќи ги и оние покрај езерото кои го ризикуваат исклучувањето на Охрид од UNESCO, кои исто така ги окупираа тротоарите на градот, а читаме само за градби како куќи и џамии, кои им припаѓаат на охриѓани.
Затоа едногласно да станиме да ги браниме покривите од нашите браќа, затоа што тие можат да бидат и наши. Според тоа на 25.09.2019 (Среда) во 10:00 часот пред Општина Охрид масовно да се поддржиме едни со други како што секогаш сме правеле за нашите граѓани.
ДУИ – Охрид
ДУИ и советникот Усеини повикаа на протест против уривањето на дивоградбите во Охрид
Откако медиумите ја пренесоа информацијата за повикот за протест, истата утрово е повлечена од Фејсбук страницата на огранокот на ДУИ во Охрид.
Како што е познато, акцијата за уривање на дивоградбите започна одбесправна градба на семејна куќа на улица „Марко Нестороски“. Акцијата се одвива со полициска асистенција, но и сп негодува и отпор на граѓани. Претходно надлежниот инспекторат констатираше дека објектот се гради незаконски, а тројца работници кои биле затекнати како извршуваат градежни работи беа приведени.
Локалната самоуправа информираше дека во акцијата за уривање, паралелно ќе бидат отстранувани дивоизградени објекти кои што се во тек на израдба и оние дивоградби кои се опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти, кои се изградени во периодот од 2006-та до 2019-та година.
На почетокот, ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки и акцијата за уривање ќе ги опфати сите физички или правни лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на општина Охрид.
Општина Охрид.
Општина Охрид ги повикува сопствениците на дивоизградени објекти, да постапат согласно добиените решенија за отстранување на градбите. Во спротивно отстранувањето ќе го изврши општината, а трошоците за отстранување, ќе ги сносат лицата кои се задолжени во решенијата, предупредува Локалната самоуправа.
OhridNews