ДУИ најверојатно ќе коалицира со СДСМ, било договорено на централното претседателство во петокот, а одлуката ќе се соопшти утре, изјавил за Телма висок функционер на ДУИ. Тоа не било сторено во петокот за да се избегнат евентуални инциденти по најавите за протести. По добивањето на мандатот, партијата ќе почне со преговори со СДСМ за идниот владин кабинет и усогласување на владината платформа.
Шеесет и седумте потписи за парламентарно мнозинство, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе му ги достави на претседателот Ѓорге Иванов. Иако Беса и Алијансата за Албанците му ги дадоа потписите на Заев, тоа, според двете партии, не значи неопходно учество во Владата.
OhridNews
извор Телма