Владејачката ДУИ се уште нема донесено одлука за избор на кандидат за градоначалник на Струга. За ова синоќа се расправало на состанокот на партискиот врв, последен од неколкуте во континуитет, на кој било разгледувано прашањето за избор на кандидат, но одлука не е донесена, информираат од ДУИ.
-Се очекува на наредната седница на претседателството на партијата да се заокружи изборот на сите кандидати за градоначалници и тогаш ќе бидат објавени. Се дотогаш сите информации поврзани со изборот на кандидати за градоначалник се шпекулации.-вели портпаролот на ДУИ Бујар Османи.
Изборот на кандидат за градоначалник на Струга од првичните четворица е сведен на двајца. Во трка остануваат актуелниот градоначалник Рамиз Мерко и пратеникот Арбен Лабеништа.