Нов детски парк добија најмладите во Вевчани реализиран како инвестиција на Владата на Република Северна Македонија од два ипол милиони денари, средства обезбедени преку првиот повик од Унгарскиот кредит.
Детскиот парк, вели Кочовски, е на барање на најмладите жители на Вевчани и истиот се протега на површина од 200 метри квадратни, направено според сите стандарди, со гумена подлога, нишалки, лизгалки и други детски реквизити.
Посебно задоволство ни причинува тоа што изреализиравме едно огромно барање на најмладите жители. Детскиот парк, ќе биде ново катче во кое најмладите вевчанци ќе го минуваат слободното време, посочува Кочовски.
Со средства од првиот повик од Унгарскиот кредит, вели Кочовски, во Вевчани се реализирани три проекти во висина од 320.000 евра. Покрај изградбата на детскиот парк реконструирани се улица и крак од канализациската мрежа. Во рамките на вториот повик, Општината аплицирала со пет проекти за реконструкција на локални улици.
Во организација на Министерството за култура и туризам, денеска во Музејот на македонската борба се одржа завршната јавна расправа за Нацрт-националната стратегија за туризам 2027 – 2032, на која б...
Извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен ќе настапат на 4 декември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, во рамки на дополнителната...
Со главна расправа, утре во Основен суд Охрид започнува судењето за нападот врз 26-годишната девојка од Охрид, Сара, од страна на 31-годишниот охриѓанец Кристијан Предметот ќе го води судијата Алек...