Огромна дупка во асфалтот „проголта“ автобус и пешаци во северозападниот дел од Кина. Експлозијата која следуваше уби девет лица.

Операцијата за спасување вклучи 1000 луѓе и 30 машини, а истрагата за причините за несреќата која остави дупка со димензии од 80 метри квадратни, е во тек. Медиумите известуваат дека уште 16 лица се повредени во несреќата.

Ваквите инциденти во Кина не се реткост, каде многу често се упатуваат обвинувања за начинот на кој се изведуваат градежните работи кои рапидно растат.

Слични инциденти беа регистрирани во 2013 и 2016 година. Во 2016 најмалку 3 лица пропаднаа во огромна дупка на асфалтот во провинцијата Хенан. Во 2013 пет лица загинаа во 10 метри квадратни дупка.