Деновиве во Охрид на одмор и релаксација е фудбалската легенда на Црвена Звезда, Душан Савиќ. Центарфорот на “црвено-белите“ отворено зборуваше за денешниот фудбал, за златните времиња на Црвена Звезда, Мундијалските квалификации,  регионалната лига, како и “неговата“ незаборавна улога во српскиот филм “Рани“.


– Прв пат во во Охрид дојдов во 2000 година кога овде игравме пријателска средба со младата селекција на Југославија. Тогаш во декември Охрид беше завиен во снег и три дена не излеговме од хотел. Овој пат дојдов во лето, многу пофални зборови слушнав од пријателите за Охрид и се надевам дека со мојата сопргуга Марина ќе поминиме незаборавни моменти покрај Охридското Eзеро – рече Савиќ.

ON : Фудбалот ви даде многу, колку Вие сте задоволни од она што го постигнавте, и секако дали може да се направи паралела меѓу фудбалот од тие времиња и сега?

-Во фудбалот постигнав многу повеќе од колку што очекував како дете. Настапував за Црвена Звезда, за југословенската репрезентација имав интернационална кариера и кога би можел повторно да бирам пак би го избрал истото. Тешко е да направиш паралела на тој фубдалот тогаш и денес. Порано беше конкуренцијата жестока, додека сега немате многу простор за маневар. Во тогашното време немаше можност за трансфер пред 28 години. Значи целата кариера можеше да ја поминеш во еден клуб што е реткост денеска. Со распаѓањето на Југославија спортот загуби најмногу, затоа што се распадна една добра и здрава спортска инфрастуктура. За клубовите таа забрана за трансфер пред 28 години беше супер. Затоа што можеа да направат екипа која ќе биде конкурентна пет, шест години без проблем. Ретки беа и на прсти се бројат трансферите од Партизан во Звезда или од Хајдук во Динамо, што беше невозможно бидејќи јака беше конкуренцијата – истакна Савиќ.

ON : Немавте забележителен учинок во “синиот“ дрес на Југославија.
-За Југословенската репрезентација немав многу настапи, тогаш имаше страшна селекција, составена од Шурјак, Вукотич, Бајевиќ, Златко Вујовиќ и не беше лесно да се фати место покрај вакви напаѓачи, па дури и Слободан Сантраќ кој е најдобар стренелец на сите времиња не му беше загарантирано првото место во екипата. Тогаш фудбалат се менуваше, а нашиот селектор Милан Миљаниќ ја праткикуваше играта на Ајакас без класичен шпиц, што за нас напаѓачите беше чекор назад -потенцираше Савиќ


ON : Во одреден дел од вашиот спортски живот бевте спортски директор во Црвена Звезда од 2001 до 2004, додека сега сте во Фудбалскиот Сојуз на Србија. Според Вас, која беше “црвено-белата“ генерацијата која го играше најдобриот фудбал?

– Тешко е да се подреди историјата на Звезда, затоа што фудбалот се менува. Генерацијата која ја покори Европа со Панчев и Најдоски во составот направи нешто што ќе се памети цел живот и фала им до небо што името на Црвена Звезда со златни букви го испишаа во Европскиот фудбал. Нашата генерација играше финале на Куп на Уефа додека генерацијата на Драган Џаиќ играше полуфинале во Купот на Европските шампиони. Секој за себе има своја генерација, која му е фаворит, за мене лично најдобра е онаа од Џаиќ – заклучува Савиќ

ON : Црвена Зведа во моменетов?

– За голема несреќа Партизан неколку години владее со фудбалот. За жал имаат повеќе трофеи во последните години. Мислам дека Звезда нема квалитетни фудбалери, но има и проблем со  ракодводстово кое јас јавно го искритикував дека не може да се носи со она на Партизан. Но тоа е фудбалот секој клуб си има свој период, а моментално тоа е  Партизан – истакна Савиќ.

ON : Во Мундијалскиот циклус репрезентацијата на Србија е во група со Македонија, Хрватска, Велс, Шкотска и Белгија. Србија не успеа во минатиот циклус по што имаше смена на селекторската позиција.

-Имаше многу проблеми српската репрезентација. Јас се надевам дека во циклусот кој е пред нас селекторот Михајловиќ ќе промени нешто на подобро. Групата е многу тешка, секој може секого да победи. Никогаш не сум сакал кога Србија или Југославија ќе падне со селекција која е комшиски поврзана. Затоа што може фудбалот да падне во втор план. Никоја селекција не може да биде на врвот секогаш. Хрватска на Светското во Франција беше трета, а во наредниот циклус ние ја елиминиравме, секогаш има мотив повеќе за игра и нема тука фаворити. Квалификациите нека поминат во најдобар ред фудбалерите нека го имаат последниот збор на теренот и се надевам дека Србија на крај ќе се радува – вели Савиќ.

ON : Регионалната лига. Има ли иднина еден таков проект?

– Јас не верувам во таква лига, знам дека имаше некаква најава но на тоа ќе остане. Како ќе функционира таа лига, во кој формат ќе се игра кој ќе испаѓа кој ќе оди во Европа, како ќе се пополнува. Доколку би се играла таква лига би била силна, но верувајте ми нема големи шанси. Во таков случај најмногу би почувствувале домашните лиги кои ќе останат осирамошени, замислите во српската игра да ги нема Звезда и Партизан во Хрватска, Динамо и Хајдук, да не игра Вардар, па Сараево, Железничар, на што ќе изгледаат таквите шампионати. Дополнителен проблем е тоа што секој клуб во својата земја може да обезбеди пласман во Лигата на Шампиони или Купот на Уефа. Зошто некој со сила да влегува во чиста загуба кога веќе имаш добитна комбинација. Она што може да се направи е летна лига кога екипите ќе бидат на подготвоки па да се соберат на едно место и да играат меѓу себе како што тоа го правевме некогаш. Помладата генарација го немаат почувствувано ривалетот помеѓу екипите, но не се тие криви што се родени во сегашно време. Црвена Звезда немаше победено во Сплит 20 години, нашата генарација победи таму и радоста беше како да сме ја освоиле Лигата на шампиони, тој ривалитет сега младите неможат да го осетат и да го препознаат -смета Савиќ.


ON : Младите многу повеќе името Дуле Савиќ го поврзуваат со филмот “Рани“ отколку со расниот центарфор кој ги кинеше противничките мрежи. Како виe го видовте филмот?

– Па со филмот направија голема реклама на моето име, и го покажаа вистинскиот Дуле Савиќ и јас навистина им благодарам за тоа. Синовите ми кажаа дека во филм има нешто со моето име, а интересно е што режисерот е голем фан на Партизан. Па јас на шега им реков се знае кој е легенда и вистински шампион и чие име се споменува и памти. – завршува Савиќ.

М.П.