Во Организација на Велосипедскиот Клуб Екодром од Охрид, Велосипедската Федерација на Македонија, а со подршката од кампот Извидник, општина Охрид, Спортски Центар Билјанини Извори – сектор паркинг, Охридски Комуналец, Националниот Парк Галичица, Црвен Крст и СВР – Охрид се одржа Вело Камп 2012.


 

Активностите започнаа со ентузијазмот на членовите од клубот и мотото – Сакаме Чиста Средина. Во саботата членовите од раните утрински часови се собраа да ја исчистат на плажата од наталожените најразлични видови на отпад во кампот Извидник каде што се подготуваше пречекот на клубовите од другите градови од Македонија.


Во неделата се одржа вториот државен натпревар во друмски велосипедизам за бодовната листа на патеката Црн Дрим. Со старт од центарот на Охрид започна натпреварот на релација Охрид – Струга – Дебар – Струга – Охрид, во должина од 134км.  Самиот настан претставува натпревар во најатрактивниот дел од Македонија, природните убавини на планините Караорман и Јабланица и кањонот на реката Црн Дрим и вештачките езера Глобочица и Дебарското Езеро, патека која според постарите велосипедисти не се возела повеќе од 15 години.


На стартот се пријавија 42 велосипедисти од 8 клубови, кои се натпреваруваа во 5 категории. Натпреварот заврши во најдобар ред, со организација од високо ниво и безбедносни мерки кои за жал им пречеа на нашите сограѓани при пристигнувањето на  целта кога ул. „Македонски Просветители“ од раскрсницата со булевар Туристичка до пристаништето во времетраење од 30 минути беше затворена за сообраќај.


На овој друмски натпревар Еко Дром освои две медали и тоа бронза – Андерј Хаџи-Василев во категоријата на јуниори и злато – Јован Јованоски во категоријата на кадети.

Во понеделникот на 30-ти април се одржа рекреативна прошетка по падините на Јабланица со посета на селата Вишни, Горна Белица, Вевчани, Октиси и Шум, на  која учество зедоа велосипедисти од Охрид, Струга, како и членови на неколку гостински клубови.

   


На 1-ви Мај, се одржа првиот државен натпревар во планински велосипедизам на веќе добро познатата патека Крсти на падините на Галичица. На стартот се пријавија 38 велосипедисти од 5 клубови кои се натпреваруваа во 6 категории.


Членовите на Екодром одличната подготвеност за преtстојната сезона ја потврдија со освоени 9 медали во следните категории: Хоби- bронза за Јаков Јованоски и злато за Михаил Тасески, категорија жени – бронза за Сара Пешликоска и злато за Теодора Алексиоска, категорија kадети – бронза за Новица Велјаноски, сребро за Петар Упевчески и злато за Јован Јованоски, во категорија на јуниори, бронза за Христијан Николовски и  сребро за Андреј Хаџи-Василев.

  

Ohridnews