На тридневниот пливачки турнир “Wiener Hallenmeisterschaft“ кој деновиве се одржа на 25-метарскиот базен “Floridsdorf“ во Виена извонреден успех постигнаа сестрите Тамара и Теодора Трајковски, Македонки кои живеат во Австрија.


11-годишната Тамара, која оваа година плива во одлична форма, освои 7 златни, 2 сребрени и 2 бронзени медали. Во дисциплината 200 метри грбно покрај златото таа го сруши и Виенскиот рекорд во јунирска конкуренција со време 2.46.10 мин.


Останатите златни медали се во дисцпилните 50 и 100 метри грбно, 50 метри пеперутка, 200 метри пеперутка, 200 метри мешано и 400 мешано. До сребро Тамара доплива во дисциплините 100 метри пеперутка, 200 метри слободно, а бронзени медали освои во дисциплините 400 и 800 метри слободно. Тамара веднаш продолжи со подготовките за настап на државното првенство што ќе се одржи на 10 и 11 март во Салцбург, а претходно ќе настапи и на Wiener Cup 2.


По стапките на Тамара и помалата сестра Теодора (8) се закити со два златни медали како дел од штафетите на клубот SC Austria во дисциплините 4х50 мешано и 4х50 слободен стил.

OhridaNews