Веслачите на Веслачки клуб „ЈУГ“ Охрид со грст медали се вратија од регатата одржана во  Тител, Република Србија на регата на реката Тиса.

На регатата настапија во дисциплините скиф и дубалскул во пионерска, кадетска и јуниорска категорија.

Во дисциплината скиф за пионерки Анастазија Паскали го освои Првото место односно златниот медал.

Во дисциплината дубалскул за пионери Павел Трпески и Наум Спироски го освоија второто место, сребрен медал.

Во дисциплината скиф за кадетки Исабела Димовска го освои третото место, бронзен медал.

Во дисциплината дублскул за кадетки Исабела Димовска и Анастазија Паскали го освоија третото место, бронзен медал.

Во дисциплината скиф за пионерки Ивана Савиќ го освои третото место, бронзен медал.