Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, државјани на Република Албанија, за кои се обезбедени докази дека ловеле риба со мрежа во води во кои е забранет риболов, во Охридското Езеро на околу 6,5 километри од месноста Свети Стефан.

Со поднесеното обвинение, јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети, информираат од ЈО.
OhridNews











