Утрово на патот од охридското село Пештани кон Елешец автомобил марка рено клио со српски регистарски таблички се судрил со автомобил марка „форд галакси“ со австриски таблички, пренесува „Сител“.
Како што пишува овој медиум, на местото на настанот веднаш се собрале граѓаните за да помогнат, а во еден момент на улицата налетал автомобил „сеат леон“ со скопски регистарски таблички кој ги избегнал судрените автомобили, но удрил во еден од мештаните.
За среќа, повредениот е надвор од животна опасност. Тој се здобил со скршеница на раката.
OhridNews
извор:„Сител“