Во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“, утрово, во 3.15 часот нарушен е јавниот ред и мир  од страна на двајца охриѓани.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, тие манифестирале дрско и непристојно однесување со карање и викање и со кршење на предмети.

СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против нив, ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews