Охриѓаните Филип Василески Четкар и Горан Митрески, велешанецот Љупче Ѓорѓиев и Зоран Павловиќ од Србија, на 18 јануари го освоијa највисокиот вулкан на светот Ојос дел Саладо – “Очите на солта”, кој се наоѓа во пустината Атакама, Чиле.

Искачувањето по добро време на 6893 метри високиот врв траело 11 дена. За аклиматизавија, претходно, четиричлената експедиција искачи уште три врва: Сиете херманос 4830 мнв, Мулас муертас 5908 мнв и Сан Франциско 6016 мнв.

Филип Четкар, Горан и Љупче се првите Македонци кои го освоиле највисокиот вулкански врв на светот.

Г. М.