Вчера околу 13,10 часот, на регионалниот пат пат Охрид- „Св.Наум“ кај населбата „Лагадин“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките автомобили со охридски регистарски ознаки „Спарк“ управуван од 27-годишен жител на Пештани и „Сеат Ибица“ управуван од 24-годишно лице од Охрид. Притоа, со телесни повреди се здобиле возачот на сеатот како и малолетник, сопатник во возилото „Спарк“. Двајцата се пренесени во Општата болница во Охрид каде се констатирани телесни повреди, информира СВР Охрид.
Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.
OhridNews












