Во 15.50 часот вчера било пријавено дека на локалниот пат село Велешта – село Добовјани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф 5“, управувано од 28-годишно лице од Струга и патничко возило „голф 4“, управувано од 20-годишен жител на струшкото село Горно Татеши, двете со струшки регистарски ознаки.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.
OhridNews











