Синоќа во 22.55 часот, во близина на тунелот на регионалниот пат Охрид-„Св.Наум“, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 26-годишно лице од Охрид, излетало од патот и удрило во патничко возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 61-годишно лице кое се движело на спротивната коловозна лента.

Двајцата возачи биле префрлени во болницата „Св.Еразмо“, каде им била укажана медицинска помош и им биле констатирани телесни повреди.-информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.

OhridNews