На 28.11.2021 година во 14.50 часот, на регионалниот пат помеѓу селото Подмолје и влез за автокампот „Андон Дуков“, патничко возило „Ландровер“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 76 годишен стружанец излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и 75 годишната  сопатничката исто така жител на Струга,  кои биле констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“, информираат од СВР Охрид. 

Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од СВР Охрид.

 

OhridNews