Новата работна недела ќе ја започнеме во зимски амбиент. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска во Охрид ќе биде облачно, постудено и ветровито со локални врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне до +1 степен Целзиусов.

Слично време не очекува и утре, а од среда ќе настапи затоплување и осетен пораст на дневните температури.


OhridNews