Два нови случаи на кражба на македонски регистарски таблички во Грција
27.07.13 13:52
Изминатава недела, граничната полиција евидентирала два нови случаи на кражби на македонски регистарски таблички од возила на наши државјани, кои биле на летување во соседна Грција, во туристчкото место Ханиоти.
Во изминатиот период, заклучно со овие два случаи, од страна на нашата гранична полиција евидентирани се 27 одземања на регистарски таблички од кои 12 се украдени во Ханиоти и пет во Неа Пори. На 18 возила им се украдени и двете регистарски таблички, а на останатите 9 по една.
Од вкупниот број случаи, 18 се пријавени од страна наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите.
Покрај ова, регистрирани се и четири случаи на оштетувања на возила на задната табличка на возилото, пришто со црн спреј е избришана ознаката „МК“, додека во некои случаи било напишано „ГР“.
Петнаесет од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од повеќе други градови од државава.
Утре, 18 јуни, со почеток во 20 часот, во Култ Културен Центар во Охрид ќе биде изложбата на Принц Петар Дуганџиќ, уметник од БиХ, кој живее и создава во Хрватска За музичкиот дел на вечерта ќе се ...
Сопствениците на пловни објекти – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“ и во рибарската населба „Пештани“, информираат ...
Надлежните општински служби во Струга денеска спроведоа акција за отстранување на урбана опрема која била поставена без соодветно одобрение на јавна површина Од Општината посочуваат дека поставувањ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.