Во изминатото деноноќие амбулантски биле прегледани 12 лица од кои петмина биле хоспитализирани а двајца се на интензивна нега и се на респиратор, информираат од Министерството за здравство.

По направените анализи, кај двајца пациенти бил регистриран новиот тип на грип А ( Х1 Н1)  а кај петмина сезонски грип Б, информираат од Институтот за јавно здравје.

Покрај тоа на Клиниката за детски болести хоспитализирани се три нови деца со симптоми на грип а во моментот се лекуваат уште 10 деца.

Во Институтот за белодробни заболувања амбулантски биле прегледани две деца кои биле упатени на понатамошно лекување на инфективната клиника.

OhridNews
извор: „Макфакс“