Ракометарите на Охрид ја забележаа втората победа на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, со што обезбедија пласман во финалето што ќе се игра во сабота.

Вечерва „гладојаторите“ убедливо славеа над Бурсa, Турција, со 38:28 и со ден одморт ќе го чекаат противникот во финалето кој ќе биде одлучен утре.

Статистика ГРК Охрид: Стрмљан 3, Ојлески 6, Иванковиќ 4,Кукуловски 2, Вејин 2, Ристески 1, Тасески 2, Ориол Реј Моралес, Савревски 3, Јотиќ 3, Лијапис 5, Бојаниќ, Петриќ, Цирар 3, Џикиќ 3, Чаневски 1 (9 одбрани), Ѓорѓески (2 одбрани), Блажески.

Финалето на Меѓународниот турнир во Струга се игра во сабота, 16 август од 20:40 часот.

Г.М.
Фото: А. Момироска