Машката ракометна репрезентација на Македонија, како гостин ја  извојува и втората победа против Луксембург 33:26, во натпревар од второто коло во втората група од претквалификациите за пласман на Европското првенство во Норвешка во 2008 година.

За в.д.селекторот Илија Темелковски, ова е втора победа во исто толку натпревари на клупата на Македонија. По двете победи над аутсајдерот Луксембург, Македонија  се наоѓа на првото место во групата, благодарение на поразот на Србија од Израел 30:29.

Во третото коло кое се игра во среда на 10 јаунари, Македонија гостува во Изреал.

Мирко Постолоски