Два од два за македонската футсал репрезентација на претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП 2012 година во Хрватска.


Македонија во втората рунда беше подобра од Естонија, победувајќи со 6-2. Ранготов постигна хет-трик, а по еднаш мрежата на гостите ја затресоа Љубомир, Тодровски и Ветаџокоски. Теино и Швец ја затресоа македонската мрежа. Победата на Македонија, остана во сенка наповредата на Наскоски кој ќе го пропушти последниот натпревар во претквалификациите.

На останатиот натпревар во групата Грузија ја совлада Англија со 4-0.

Во последната рунда во понеделник директниот дуел помеѓу Македонија и Грузија ќе го даде патникот во квалификациите. Поради послабата гол разлика, само победа ги води избраниците на Васко Скендеровски во наредната фаза.

М.П.