Македонската ракометна репрезентација ја оствари втората победа на претквалификацискиот турнир во Драма и е на чекор до освојување на првото место кое води во баражот за ракометниот Мундијал во Бразил.


Избраничките на Стрезовски беа поуспешни од Азербејџан со 26-20 (13-12). Портјанко со седум и Бајрамоска со шест беа најпрецизни во нашиот состав.

Во останатиот натпревар во групата Швајцарија ја победи Грција со 31-20, за нив ова е првата победа на турнирот и со три бода се втори на табелата.

Во последното коло утре од 15 часот, Македонија со победа или реми на мечот со Швајцарија ќе го осигура првото место во групата.

М.П.