Македонската младинска репрезентација стигна до вториот триумф на Светското првенство победувајќи ја селекцијата на Буркина Фасо со убедливи 48-20 (23-8).
Избраниците на селекторот Илија Темелковски одиграа максимално ангажирано и во целост ја оправдаа фаворитската улога пред натпреварот.
„Црвено жолтите“ квалитетот го демонстираа уште на стартот, кога со серија 7-1 најавија како ќе се одвива вториот натпревар во групата.
До крајот на првиот дел предноста на семафорот стигна +15 (23-8). Големата позитива не ги опушти нашите ракометари, туку напротив им даде крилја за уште едно фуриозно полувреме во кое постигнаа 25 голови и за конечни (48-23).
Трет ривал на Македонија во групната фаза е селекцијата на Тунис. Мечот ќе се одигра в петок со почеток во 19 часот.
OhridNews