Со зголеманата динамика на собирање отпад, јавното комунално претпријатија од Охрид, ќе ја подобрува јавната чистота. Два пати неделно ќе се подига отпад од охридските улици.

Како што информираат од Ј.П „Охридски комуналец“, оваа новина ќе се применува веќе од понеделник, а опфатени се поголем број улици, како и помалите сокаци низ градот.

Во понеделник и четврток ќе се подига отпад од улиците „Богомилска“, „Караорман“, „Марко Нестороски“, „Петрино“, „Веле Марков“, „Кленоец“, „Железничка“, „Крали Марко“. Во вторник и петок ќе се чистат улиците „Питу Гули“, „15-ти Корпус“, „Александар Турунџиев“, „Мирка Гинева“ и „Ѓорги Сугаре“, додека во среда и сабота комунален отпад ќе се собира од „Абас Семин“, село Рача како и селата Горно и Долно Лакочереј.

OhridNews