Утрово во Охрид се регистрирани два помали потреси. 

Во 8.26 часот почувствуван е земјотрес со магнитуда од 2.8 степени по Рихтер, а во 6.07 часот регистриран е земјотрес со јачина од 2.6 степени.

Тлото во охридско се тресе од 18-ти јуни. Во најголем дел потресите се со слаб интензитет. Најсилниот се случи на 3ти јули со магнитуда од 5 степени по Рихтер.

До овој момент над 200 граѓани на Охрид поднеле барање за проверка на штета до надлежната општинска комисија.

OhridNews