Два пожара се регистрирани денеска попладне  на отворен простор во охридско-струшкиот регион, од кој едниот е на албанска територија, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување, јавува „Макфакс“.

Едниот пожар избувнал во Република Албанија на границата со земјава, а истиот се држи под контрола.

Вториот пожар избувнал во општина Струга во 14:15 на отворен простор во селото Горно Татеши, а на терен излегла екипа од четири пожарникари и едно возило.

OhridNews

„Макфакс“