Русија-Мароко 1 (1.44)

Попладнево си игра пријателскиот натпревар помеѓу Русија и Мароко,а наш избор се домаќините.

Репрезентацијата на Русија се наоѓа на 18-та позиција на ФИФА ранг листата и е дел од престојното Светско Првенство во Бразил,во група со Белгија,Алжир и Јужна Кореја.На последните 5 натпревари општо имаат три победи (Словачка 1:0,Ерменија 2:0,Јужна Кореја 2:1) и два нерешени натпревари со Норвешка и Србија со идентични 1:1.

Од друга страна репрезентацијата на Мароко се наоѓа на 76-та позиција на ФИФА ранг листата и на последните 5 натпревари општо имаат две победи (Мозамбик 4:0,Уганда 3:1),два нерешени натпревари (Нигерија 3:3,Габон 1:1) и пораз од репрезентацијата на Ангола со 2:0.

До сега овие две репрезентации се немаат сретнато.

Полска-Литванија 1 (1.4)

Друг интересен пријателски натпревар за типување е натпреварот помеѓу Полска и Литванија,а наш избор се домаќините.

Полска се наоѓа на 72-та позиција на ФИФА ранг листата и на последните 5 натпревари општо имаат две победи (Норвешка 3:0,Молдавија 0:1),два нерешени и без голови натпревари со репрезентациите на Германија и Ирска и пораз од репрезентацијата на Шкотска со 0:1.

Од друга страна Литванија се наоѓа на 104-та позиција на ФИФА ранг листата и на последните 5 натпревари општо имаат една победа против репрезентацијата на Финска со 0:1,два нерешени натпревари со репрезентациите на Казахстан и Молдавија со идентични 1:1 и два порази (Летонија 1:0,Босна и Херцеговина 0:1).

Според традиција пак подобри се гостите кои на последните 4 одиграни натпревари против Полска имаат две победи,еден нерешен натпревар и еден пораз.