France-Norway 1 (1.45)
Денес се играат уште пријателски натпревари пред престојното Светско Првенство во Бразил.Наш избор е натпреварот Франција-Норвешка,а типуваме на французите.
Франција се наоѓа на 16-та позиција на ФИФА ранг листата и ќе игра на светското првенство,а е во група со Швајцарија,Еквадор и Хондурас.На последните 5 натпревари општо во сите натпреварувања имаат 4 победи (Холандија 2:0,Украина 3:0,Финска 3:0,Австралија 6:0) и пораз од Украина со 2:0.
Од друга страна Норвешка се наоѓа на 55-та позиција на ФИФА ранг листата и е во многу послаба форма,а на последните 5 натпревари имаат една победа со Молдавија со 1:2,еден нерешен натпревар со Чешка со 2:2 и 3 порази (Полска 3:0,Шкотска 0:1,Данска 2:1).
И традицијата е на страна на французите кои на последните 11 одиграни натпревари против Норвешка имаат 6 победи,2 нерешени натпревари и 3 порази.
Moldova-Canada Х (3.0)
Друг интересен натпревар за типување е натпреварот помеѓу Молдавија и Канада.Според нас овој натпревар би требало да заврши без победник,а можеби и без голови.
Молдавија на ФИФА ранг листата се наоѓа на 99-та позиција и на последните 5 натпревари општо имаат две победи (Саудиска Арабија 0:4,Андора 0:3) и три порази (Полска 0:1,Шведска 1:2,Норвешка 1:2).
Од друга страна пак репрезентацијата на Канада на ФИФА ранг листата се наоѓаат на 110-та позиција и на последните 5 натпревари општо имаат еден нерешен натпревар со Бугарија со резултат 1:1 и 4 порази (Словенија 1:0,Чешка 2:0,Австралија 0:3,Мауританија 0:1).
Овие две репрезентации со сега немаат одиграно меѓусебен дуел.